Расте бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во велешката болница
Во велешката болница вкупно се хоспитализирани 48 пациенти, од кои 40 се потврдени позитивни на Ковид-19, пет сомнителни и три пациенти со негативен тест, но, задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 30 пациенти.