Трагедија во Тетово: Татко, мајка и нивната ќерка на 36 години починале од Ковид во домашни услови
Татко, мајка и нивната ќерка на 36 години починале поради компликации од Ковид-19 во домашни услови во Тетово минатата недела, а карактеристично е што тројцата имале хронични болести и се наоѓале во тешка состојба, информираат од тетовската клиничка болница.