Локализиран пожарот во Порече
По вчерашното реактивирање на шумскиот пожар што се појави во атарот на селот Девич, Порече, екипи на МВР, ТППЕ, доброволни противпожарни друштва и месното население, учествуваа во гасењето на огнената стихија и во текот на ноќта пожарот е ставен под контрола.