„АктивУм“ од Куманово во соработка со организации од Европа изработија водич за учење за лица со интелектуална попреченост
Граѓанската организација „АктивУм“ од Куманово во партнерство до организации од Шпанија, Грција, Литванија и Полска, изработија водич за донесување одлуки за лицата со интелектуална попреченост, родителите, терапевтите и обучувачите. Водичот е достапен на седум јазици и е дел од Еразмус проектот „Одлучувач“ кој се фокусира на подготовка на методологија за поддржано донесување одлуки на лицата со посебни потреби за учење, соопштија денеска од „АктивУм“