Со спектакуларно кабаре шоу во кое учествуваа над 30 уметници, пејачи и актери, во Битола започна со работа комплексот „Голд Фелициа“
Во последните неколку години питачите се неизбежен декор на најфреквентните улици во Кичево, ги има од сите градови, возрасти, машки и женски
Патничкиот и товарен сообраќај кон југоистокот и во спротивен правец од утре ќе се одвива низ градот Штип. Градежната фирма „Страбаг“, која го гради и вториот дел од делницата на експресниот пат Штип-Радовиш информира дека за сообраќај ќе биде забранета обиколницата од штипската приградска населба Три Чешми до клучката кај петтиот километар, односно мостот на реката Брегалница
Германскиот концерн „Костал“ за производство на делови и компоненти за автомобилската индустрија на свечен начин го одбележа ангажирањето на илјадитиот вработен во нивната филијала во Охрид
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи
На ГП Табановце има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути.
Граѓански активисти на неколку локации во Тетово поставија „Мапа со подземни контејнери“ со цел да им укажат на локалните власти на потребата од долгорочно решение за промена на практиките и навиките за управување со отпадот во општина Тетово.
Со чартер-лет на туроператорот „ТУИ“ денеска на охридскиот аеродром „Свети Апсотол Павле“ од Ајндховен пристигнаа првите туристи од земјите на Бенелукс кои организирано преку агенција ќе летуваат на Охридското Езеро.
Се очекува наредниот месец седниците на крушевскиот Совет да се одржуваат во просторијата во горната училишна зграда и директно да се пренесуваат „онлајн“
По големиот број реакции на социјалните мрежи и во јавноста околу изградбата на нов кружен тек на булеварот „Ленинова“, Општина Струмица денеска излезе со објаснување за потребата од изградбата на такво сообраќајно решение