Креативна акција во Прилеп „Информирај се, пријави се и вакцинирај се!“
Со информирање и давање практична помош за регистрирање, на плоштадот „Александрија“ во центарот на Прилеп, невладината „Станица П.Е.Т.“ спроведе креативна акција за информирање и подигнување на свесноста за потребата од вакцинација, за граѓаните да се заштитат себеси и другите од КОВИД-19. Креативната акција е насловена „Информирај се, пријави се и вакцинирај се!“