Дискутирани можностите за соработка на Општина Охрид и Економскиот факултет од Љубљана
Вклучувањето на Македонија во Европската унија и потребата од продолжување на исполнување на обврските што стојат пред државата и покрај блокадите со кои се пролонгира почетокот на преговорите за влез во унијата, е темата на проектот што заеднички би го реализирале Општина Охрид, Стопанската комора на Македонија, Економски Факултет, Универзитет – Љубљана со можност за вклучување и на Стопанската комора од Словенија