Времето денеска ќе биде претежно облачно, во пладневните часови со врнежи од дожд, на места пообилни, кои ќе се задржат до крајот на денот
Во Скопје облачно, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 20 степени.
Жители на селото Вељуса денеска со протест и едночасовна блокада со трактори на влезот во населеното место ги искажаа својот револт од зачестените кражби на нивните ниви
Во долнореканското село Требиште, општина Маврово и Ростуше, по речиси две децении отслужена беше Света Литургија во црквата посветена на Ахилиј Лариски Чудотворец
При посетите во странство се разговарало за Тетово и Попова Шапка како економски потенцијали за инвестирање, а таква прилика имало во Абу Даби, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи од Тетово
Во прилепските градинки се нормализира работењето, тенденција е да се зголеми бројот на дневното згрижување деца, а големи донации стигнуваат од компании за подобрување на условите за работа
Родителите на деца со попреченост кои ќе тргнат во прво одделение да поднесат барање на стипендија, повикаа денеска надлежните од здружението „Инклузива“ од Куманово
Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – ГП „Деве Баир“ е нормализиран од 11.55 часот.
Врнежи од дожд од утре попладне, повремен засилен северозападен ветер и пониски температури, најавуваат метеоролоите
Жители на беровското село Будинарци апелираат за помош до надлежните и хуманите граѓани откако нивниот имот пред два дена беше погоден од гром и притоа целосно изгоре