Поради проблеми со „Мој Термин“ прекинато имунизирањето на граѓаните од Македонски Брод
Последните два дена во Здраствениот дом во Македонски Брод, не се врши вакцинација на лицата под 75 годишна возраст а причина е неможноста на граѓаните да ја отворат апликацијата „Мој термин“ и да се пријават, тврди директорот на Здраствениот дом, д-р Жарко Симески.