Сообраќајот на регионалниот пат Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром“ до паркингот кај објектот на МВР ќе биде во прекин денеска во периодот од 08:00 до 16:00 часот поради одржување на вежбовни активности од припадниците на МВР на Република Македонија, информираат од СВР Штип
Магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир во близина на селото Мождовњак вечерва од 20:30 часот е во прекин.
Времето во земјава ќе биде сончево и особено наутро студено, во северните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието ќе засилува.
Пандемијата беше причина да не се одржи јубилејната традиција на спуштањето крст во осветена вода во базен што се практикува на денешен ден Водокрст, ден пред Богојавление Водици во дворот од црквата Света Богородица во Тетово.
Сообраќајот на регионалниот пат Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром“ до паркингот кај објектот на МВР ќе биде во прекин утре во периодот од 08:00 до 16:00 часот поради одржување на вежбовни активности од припадниците на МВР на Република Северна Македонија, информираат од СВР Штип.
Во првиот работен ден од неделата само во првата смена од 8 до 14 часот во Ковид-центарот при Клиничка болница Тетово на преглед биле 37 граѓани, информира координаторот д-р Гзим Нуредини.
Поради состојбата со пандемијата, лани се одржале 30 крводарителски акции во Куманово што е за десет помалку во однос на претходните години, информираа денеска надлежните од општинската организација на Црвениот Крст Куманово.
Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица за прва премиера во новата година ја подготви „Гронхалм метод“ по истоимениот текст на шпанскиот драматичар Жорди Галсеран.
Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење, покажуваат најновите санитарни анализи
Во Општата болница во Велес вкупно хоспитализирани се 38 пациенти од кои 29 се потврдени позитивни, двајца се сомнителни, а седум имаат негативен тест, но задржани на болничко лекување