Болницата во Струмица во незавидна ситуација, 12 лекари, медициски сестри и техничари позитивни на Ковид-19
-Тоа ни го отежнува и вкупното работење на болницата, а почнувањето со работа на новиот оддел ќе зависи од расположивиот персонал. Треба да ни дозволат да направиме прием на персонал, сестри и лекари, за да може некој да работи таму, рече директорот Гогов.