Во Битола сеќавање за загинатите бранители кај Гајре во 2001 година
Градоначалниците на општина Битола и Новаци, Наташа Петровска и Љубе Кузманоски, претставници на општинските Совети, припадници на АРМ и СВР-Битола, како и членови на семејствата на загинатите бранители Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски, положија цвеќе пред споменикот „Ангел“ во знак на почит и сеќавање на нивната прерана смрт во 2001 година