По осми пат оваа година Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО организира Trash Fashion 2019, натпревар на креации изработени со реупотреба на материјали.
Математиката е лесна, како песна, смета матурантката во гимназијата „Славчо Стојменски“ – Штип, Јована Илиева, која годинава стана државен првак по математика.
Амбасадорот Самуел Жбогар и Никола Бертолини, раководител на Одделот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, денеска ќе ја посетат Виница како дел од караванот на ЕУ.
Италијаскиот амбасадор во нашата земја Карло Ромео денеска попладне беше во посета на Дебар.
Покрај печатеното издание, сите информации се достапни и на веб страната www.zk.mk и преку мобилни апликации кои овозможуваат дополнителни можности за напредно пребарување.
Владата на Република Македонија пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во охридскиот регион години наназад
Проектите на Министерството за образование и наука за унапредување на меѓутничката интеграција во образованието денес ги зближи деветолетките „Ванчо Прке“ од Делчево и „Живко Брајковски“ од Бутел кои како дел од заедничката соработка за прв пат го реализираа првиот заеднички мултикултурен хепенинг
УНЕСКО констатира дека Охридскиот регион се соочува со несоодветна градба, несоодветно урбано развивање и експлоатација на брегот на езерото, зголемено загадување, нарушување и уништување на животната средина и неконтролиран урбан развој предизвикан од силен притисок од туризмот
Со воена свеченост и во присуство на голем број на гости, денеска во кичевската касарна „Чеде Филипоски -Даме“ беше одбележан Денот на единицата – 21 мај
Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија со подршка од Националниот сојуз „Мобилност Македонија“ во Негорски бањи организираше работилница за помош од примената на кинезитерапијата во домашни услови при повреди на рбетен столб со трајни последици