Зголемено нивото на реките и на Дојранското Езеро
Зголемено ниво во однос на просекот за мај е регистрирано кај реките Вардар кај Јегуновце и Демир Капија, Лепенец кај Скопје, Пчиња кај Катлановска Бања, Бабуна кај Богомила, Брегалница кај Штип, Струмица кај Ново Село, Црна река кај Новаци и кај Р.Б. Мост, покажаа мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.