Растат водостоите на реките
Водостоите на реките во земјава се под просекот за април, но бележат раст во однос на вчера, со исклучок на Вардар на мерното место кај Велес и Брегалница кај Берово каде има благо намалување на нивото во однос на вчера, како и Радика кај Бошков Мост каде водостојот е ист со вчерашниот.