Претставници на Здружението „Стар Лагадин” ја оценија продуктивна завчерашната средба со претседателот на Владата Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, посветена на урбанистичките проблеми на Охридското крајбрежје, конкретно во селото Лагадин.
Патниот правец од рафинерија Миладиновци према Куманво е нормализиран од 10.15 часот.
Поради запалено моторно возило сообраќајот е во прекин на патниот правец од Рафинерија Миладиновци према Куманово од 09.55 часот, информираат од ЈП Македонија пат.
АМСМ информира дека денеска од 09:00 до 11:00 часот и од 13:00 до 15:00 часот ќе има времена забрана за одвивање на сообраќај на возила заради асфалтирање на делницата Младо Нагоричане – Пелинце.
Изобилство од високи планини, големи и мали природни и вештачки езера, реки, шуми, градови
Во делот на развојот на туризмот, нагласи, поврзувањето ќе значи поголема раздвиженост и повеќе туристи, враќање на живот во нашите села, услови за развој на бизниси.
Со овие обуки, сакаме да ја зголемиме видливоста на лицата со попреченост во локалната заедница односно, сами да ги утврдиме нивните можности за да бидат видливи, велат организаторите.
Центарот за управување со промени (ЦУП) во соработка со Институтот за човекови права од Скопје, Фондацијата „Егалите“ од Камењане и Центарот за компаративни и меѓународни студии од Тирана по повод на Меѓународниот ден на жената – 8 Март остварија деловна средба за вмрежување на бизнис жени од регионите на Полог и Елбасан, која денеска и утре се одржува во Охрид.
Седум пожарникари со две противпожарни возила попладнево го гаснеа пожарот кој избувна во месноста Мезовски ливади, во предградието на Крива Паланка. Опожарени се еден хектар обработливо земјиште, овоштарници и сува трева, а пожарот бил во близина на куќите во овој реон.
Отсекот за превенција при СВР-Тетово, заедно со Полициската станица за безбедност на сообраќајот, денеска на повеќе локации низ Гостивар и Тетово реализираа мотовирачко-празнична акција.