Почнаа градежни активности на штипската обиколница
Интензивно се гради втората фаза од обиколницата на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип, што ќе овозможи поврзување на индустриските зони со населбите „Автокоманда“, „ 8 Ноември“, „Баби“, „Дузлак“ и „Сењак“. На овој дел од обиколницата ќе се гради и новиот кружен тек, што ќе го забави сообраќајот за поголема безбедност на учениците, студентите и работниците во околните фабрики.