Слаб снег провејува во Охрид, Струга, Ресен и на планинските превои Буково и Ѓавато
Слаб снег провејува во Охрид, Струга, Ресен и на планинските превои Буково и Ѓавато. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, а на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот и по интервенцијата дежурните служби, соопштија од ЈП Македонијапат.