Снегот го отежна патниот сообраќај, забрани за камиони на дел од патиштата
Снежните врнежи го отежнаа патниот сообраќајот, кој се одвива по претежно влажни коловози, во западните делови од државата со остатоци од кашест снег, а на дел од патиштата со забрани за камиони и намалена видливост. На Меѓународниот аеродорм Скопје се реализираат предвидените полетувања и слетувања.