Во осветените води на базенот „Аквариус“ во Струмица денеска верниците бараа два крста.
Стефан Русески беше најсреќен меѓу 20-тината верници што денеска скокаа по светиот крст во Вевчанските извори.
По утринската служба во храмот Св.Великомаченик Димитриј, пред голем број верници во дворот на црквата се фрлаше светиот крст.
Деветнаесетгодишниот Цветко Митрески го извади светиот крст од водите на реката Црн Дрим во Струга.
Дваесет и шестгодишниот Никола Златановски е кумановецот кој го фати Светиот Крст во базенот на Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово. Петковски по крстот скока шест пати.
Традиционалното одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици и годинава се одржа на реката Писа во Пехчево. Светиот крст во осветените води го фати 31-годишниот Бобан Велковски, кој беше најсреќен од 20-мината пријавени.
Христијан Митрески од Кичево го фати крстот во осветените води на градскиот базен во Кичево. Митрески досега два пати учествувал на оваа манифестација, а денеска среќата му се насмевна по прв пат.
Иван Лотески од охридската населба Варош беше најуспешен и меѓу неколкуте стотини верници го извади Чесниот крст што во осветените води на Охридското Езеро го фрли митрополитот Дебарско-кичевски, владиката Тимотеј.
Деветнаесетгодишниот Дарко Тошевски е среќникот, кој меѓу четириесетмината пријавени го извади крстот од водите на Крива Река на денешниот богојавленски водосвет во Крива Паланка.
– Пресреќен сум. Првпат го фаќам светиот крст. Посакувам многу здравје, среќа и радост за сите, мир и благосостојба во целиот свет. Бог се јави, за многу години да ни е овој голем празник, изјави Јаковлевски.