Општина Валандово го распиша меѓународниот конкурс за годинашниов Фолк фест
Општина Валандово, во улога на организатор, на годинашново 34. издание на фестивалот на новосоздадени македонски народни песни „Фолк фест Валандово“, денеска го распиша меѓународниот конкурс на кој до 15. февруари можат да се пријават сите домашни и странски автори.