Џоломарите и годинава на Василица ги бркаат лошите духови од Тиквешијата
Џоломарите се подготвени, на Василица ќе ги избркаат лошите духови од Тиквешијата. Станува збор за група мажи со кожувчиња и грпки, лица исцрнети со саѓи, стапови и клопотарци со кои прават врева и на тој начин го бркаат злото за да направат пат за добрината. Во групата има и двајца мажи преправени во невеста и баба, кои ги симболизираат плодноста и мудроста.