Светите Петнаесет и брестот-извор го чуваат духот на Струмица
Пред повеќе од 40 години од стеблото на брестот, изникнат во црквата „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица течело вода. Денес од огромното дрво со пречник од два метра, за кое се утврдило дека е старо осум векови според неговите прстени, останал само долниот дел и споменот на Светите Петнаесет.