Општина Кисела Вода ги повика невладините и спортски здруженија да помогнат во креирање на Буџетот
Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите невладини здруженија, граѓански организации и здруженија, културно-уметнички друштва да бидат дел од работната средба со градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски која ќе се одржи во четврток со почеток во 11 часот во Големата сала на Општината.