„Да ги заштитиме шумите од пожари“ превентивна акција на кавадаречката полиција
„Да ги заштитиме шумите од пожари“, е мотото на превентивната акција, која денеска беше реализирана од страна на кавадаречката полиција. Инспекторот за превенција, Димитар Каракулев појасни дека организирањето на ваквата активност, всушност беше еден од заклучоците и предлог мерките донесени на советодавната средба одржана во мај годинава.