На локации во Велестово и Охрид денеска и утре ќе се одржува 30-та „Поетска ноќ во Велестово“, годинава со скратена програма и посветена на најновата македонска поезија.
Клиничка болница-Битола со сопствени средства набави нов борер за операционата сала на одделението за ортопедска хирургија и трауматологија.
Во неготинското село Тимјаник денеска ќе биде отворен мал групен дом во кој ќе бидат сместени неколку деца од Специјалниот завод во Демир Капија.
Реките Вардар и Бабуна во околината на Велес се неисправни за капење и наводнување, соопшти денеска стручен тим на ЈЗУ Центарот за јавно здравје Велес согласно анализите на водите од последниот месечен увид.
Во земјава се бараат сезонски работници за берба на јаболка, грозје и аронија и друго овошје во Ресен, Преспа, Берово и Кавадарци.
Здружението на слепи лица-Штип, кое ги покрива и општините Радовиш, Пробиштип, Карбинци и Конче оствари средба со заменик-менаџерот на рудникот „Бучим“ во Радовиш.
Поради неповолните временски услови кои го погодија родот, прилепските тутунари од Министерството за земјоделство очекуваат соодветни мерки, а од компаниите да не го откупуваат тутунот „туку така“.
Преспанските земјоделци денеска во Царев Двор беа запознаени со предностите од формирањето земјоделски задруги со цел подобрување на конкурентноста во македонското земјоделство.
За една третина се намалуваат расходите што локалната самоуправа на Кочани ќе ги плати за бесплатниот превоз на учениците во претстојната учебна година.
Со проекција на хрватскиот филм, „Осмиот комесар” на која ќе присуствува и режисерот Иван Салај, вечерва на плажата „Оревче“ на брегот на Охридското Езеро ќе биде отворено првото издание на „Бич филм-фестивал“.