Во Делчево одбележан Денот на македонската револуционерна борба
Во организација на Општина Делчево денеска се чествуваше Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври. По тој повод, пред споменикот на великанот Гоце Делчев во центарот на градот, се поклонија и цвеќе положија делегација од Општина Делчево и од Советот на Општина Делчево, како и претставници од институции, политички партии и здруженија на граѓани.