Охридскиот Црвен крст со хуманитарна кампања по повод меѓународниот Ден и Неделата на борба против гладта
– Општинската организација на Црвениот крст од Охрид под мотото „Помислете на нас“ и оваа година ќе спроведе кампања по повод Меѓународниот ден на борба против гладта (16 Октомври) и Неделата на борба против гладта (16-22 октомври), со цел поттикнување на граѓаните, компании, фирми и други субјекти активно да се вклучат во хуманитарната акција.