Заев: Ништо не се крие и не се разговара поразлично, на маса е португалскиот предлог којшто е добра основа за решение
Премиерот Зоран Заев денеска, одговарајќи на новинарски прашања, повтори дека несериозни изјави, особено од претседателот на најголемата опозициска партија, во врска со прашањето со Бугарија, може да предизвикаат само штетни последици и закочување на процесот на евроинтеграции на Македонија