Трајановски: Шилегов платил 30 чешми по 1.500 евра кои никој не ги видел а документацијата се крие
Град Скопје преку јавна набавка за 30 чешми троши по 1.500 евра за една чешма за пиење на вода, но никој не знае каде се тие чешми. Ниту градот дозволува увид, ниту фирмата доказ за сработеното, вели за „Заспиј ако можеш“ Александар Трајановски, советник во Совет на Град Скопје од коалицијата „За Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.