Николовски: После 19 години создадени се нормативни услови да се реализира попис
Со усвојувањето на Законот за попис на населението се создадени нормативните услови да се реализира оваа важна статистичка операција после 19 години, објави вицепремиерот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на Фејсбук, поздравувајќи ја одлуката на пратениците и носењето на ова законско решение