Мицкоски: Ниту една политичка кариера, а најмалку таа на Заев и Бочварски не е поважна од здравјето на граѓаните
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето гостување на вестите на Алфа телевизија, а во врска со изборите во Штип и Пласница, истакна дека Извршниот комитет на партијата одлучи да не му предложи на Централниот комитет кандидати за градоначалници за учество на локалните избори, затоа што ниедна политичка кариера, најмалку онаа на Заев и Бочварски не е поважна од здравјето на граѓаните