Заев со честитка за 23 Октомври: Борбата на македонските револуционери никогаш не била свртена кон минатото, туку кон иднината
Денеска го одбележуваме 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба и со гордост се сеќаваме на македонските револуционери, на кои им се поклонуваме и ја чествуваме нивната пожртвуваност, челична истрајност и нескршлива волја за слобода, правда, еднаквост, независност и сопствена државност, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил