Мицкоски: Многу позначајна тема се новите 120 заболени граѓани, отколку вчерашниот циркуски спектакл
Вечерва во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека има доста поважни теми од циркузот што го приредија послушниците на Зоран Заев. Мицкоски потсети дека за жал денеска има 120 заболени од Ковид-19.