Расчистени 11 кривични дела, поднесена кривична пријава против крадец од Кавадарци
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против О.В.(42) поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела, од кои девет кривични дела „тешка кражба“, по член 236 став 1 од Кривичниот законик и две кривични дела „кражба” по член 235 став 1 од Кривичниот законик, соопшти МВР.