Ограбена 68-годишна жена во нејзиниот дом во Велес
Две маскирани лица утрово ограбиле 68-годишна жена одземајќи и 70 илјади денари. СВР-Велес информира дека утрово околу 07.30 часот, две маскирани лица влегле во куќа на улица „Вера Циривири“ во месноста „Потокот“ во Велес и од сопственичката на куќата 68-годишната Б.М. со закана, а по извршено пребарување на куќата и одзеле ќесе во кое имало над 70 илјади денари, а по што, го напуштиле местото на настанот.