Притвор за Скопјанецот кој лажно се претставувал како вработен во АНБ и изнудувал пари и накит од скопски бизнисмен
Во период од 14.12.2023 до 05.04.2024 година, пријавениот лажно се претставувал како службено лице – вработен во Агенцијата за национална безбедност и со сериозни закани присилил едно оштетено лице да му даде пари, накит, автомобили и други добра во вкупен износ од околу 180.000 евра.