Приведен крадец во Свети Николе, расчистени две тешки кражби
Како што информираат денеска МВР, во службен разговор во полициска станица, тој ги признал делата, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените. По целосно документирање на случаите, против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.