Пронајден починат скопјанец пред гаража во Кисела Вода, телото на обдукција
Пред гаража на подрачје на општина Кисела Вода, бил пронајден починат Љ.С., на возраст од 65 години, од Скопје. Ова било пријавено синоќа во 22.30 часот во СВР Скопје, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.