28 годишно момче од Скопје ја усмртил неговата баба, прво физички ја нападнал а потоа ја задушил
Како што информира ОЈО Скопје на 18 јануари во семејниот дом во Ново Лисиче, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата баба. Според првичните сознанија, тој ја нападнал удирајќи ја по главата и вратот, а потоа ја задушил.