Уставните промени во Кина му овозможуваат на Си да се кандидира за трет мандат
Кинеското Народно собрание денеска донесе одлука со која се укинува ограничувањето на претседателот на два последователни мандати. Со оваа измена се отвора пат претседателот Си Џинпинг да владее три, па и повеќе мандати по 2023 година, кога истекува неговиот втор мандат.