Таа нагласи и дека безбедносните гаранции за Украина треба да се спроведуваат во рамките на НАТО.
Романскиот Сенат усвои „закон за беспилотни летала“, односно предлог-закон со кој се одобрува соборување беспилотни летала кои неовластено ќе влезат во воздушниот простор на земјата.
На поранешните вработени во Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), кои беа отпуштени или ставени на административно отсуство, им е кажано дека имаат 15 минути за да си ги соберат своите работи од нивните канцеларии во Вашингтон.
Тихоокеанската микродржава Науру продава државјанство за да го финансира спасувањњето од надојдените мориња, изјави претседателот Дејвид Адеанг за АФП, отворајќи ја спорната шема за „златен пасош“.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека укинува повеќе од 90 отсто од договорите за странска помош на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и 60 милијарди долари помош од САД ширум светот.
Европската комисија , откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација наскоро ќе објави царини од 25 отсто за увоз на производи од ЕУ, најави дека ќе реагира одлучно и навремено.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, кој утре заминува за САД, синоќа инсистираше на потребата неговата земја да добие „безбедносни гаранции“ од Западот.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера најави дека ќе ги откаже отстапките кон Венецуела што пред две години ги даде неговиот претходник Џо Бајден.
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата одби да одговори на новинарско прашање дали САД ќе и дозволат на Кина насилно да ја преземе контролата над Тајван.
Северна Кореја распореди дополнителни трупи во Русија, изјави претставник на Националната разузнавачка агенција на Јужна Кореја.