Русија ќе воведе привремени мерки за забрана на странските инвеститори кои сакаат да го продадат својот имот со цел да се осигура дека ќе донесат добро промислена одлука, а не да донесат одлука под политички притисок, изјави денеска рускиот премиер Михаил Мишустин
Меѓународните платежни системи Виза и Мастеркард ги блокираа картичките издадени од руски банки и нивните подружници, кои се на списокот со санкции.
Најмалку 136 цивили се убиени, од кои 13 деца, а 400 се ранети, од почетокот на руската инвазија врз Украина минатата недела, соопшти денеска агенцијата на Обединетите нации
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се обрати пред европратеници на вонредна пленарна седница на Европскиот Парламент и побара од Европската Унија да ја докаже својата заложба за европска Украина
Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денеска соопшти дека околу 470.000 странски државјани, вклучувајќи студенти и работници мигранти, „се заглавени“ во Украина.
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска предупреди на се поголема хуманитарна криза поради руската инвазија врз Укараина и оти може да се очекуваат милиони бегалци.
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) сè уште не може да ги повлече сите свои набљудувачи од Украина
Украина им понуди пари на руските војници и им вети имунитет од казна доколку се предадат, објави денеска германската агенција ДПА
За Русија е неприфатливо да има американско нуклеарно оружје на територијата на некои европски земји. Крајно време е тоа да биде вратено во САД, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров
Данската компанија за логистика „Маерск“ најави дека привремено го стопира контејнерскиот транспорт на стоки за Русија, согласно санкциите воведени против Москва заради воениот ангажман во Украина