Британскиот премиер Борис Џонсон од Метрополитен полицијата во Лондон добил прашалник за истрагата за наводите за забави во неговите канцеларии во „Даунинг стрит 10“ со што се прекршувале правилата за локдаун, јави ДПА.
Канадскиот премиер Џастин Трудо синоќа изјави дека полицијата и сите нивоа на власт се подготвуваат да преземат акција против камионџиите, кои со денови протестираат против мерките за ограничување на коронавирусот и прописите за вакцинација, јави ДПА.
Началникот на Генералштабот на руската армија Валери Герасимов денеска разговарал за меѓународни безбедносни прашања со началникот на Здружениот Генералштаб на вооружените сили на САД, Марк Мили.
Финска потпиша договор за купување на десетици борбени авиони Ф-35 од САД, во време на зголемени тензии меѓу Западот и Русија во Европа.
Велика Британија ги повика своите граѓани во Украина „да си заминат сега додека се уште има комерцијален превоз“, поради стравувањата од ескалација на кризата на руско-украинската граница.
Дигиталната платформа за трговија со криптовалути „Бинанс“, објави дека купува удел во бизнис списанието Форбс вреден 200 милиони долари, пренесуваат британските медиуми.
Петмина полицајци се повредени денеска во Феникс кога реагирале на дојавата за пукање во куќа, соопшти полицијата. Тие биле застрелани додека се обидувале да заштитат едно бебе, пренесува АП.
Европската унија ги информираше вработените во својата дипломатска мисија во Украина, кои не се од суштинско значење, да ја напуштат земјата, но не издаде наредба за евакуација.
САД соопштија дека испраќаат уште 3.000 војници во Полска за да ги обезбедат сојузниците во НАТО поради зголемените стравувања од руска инвазија на Украина.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, изјави денеска дека руска воена инвазија може да започне во секое време и ги повика Американците да ја напуштат Украина веднаш.