Советот за безбедност на ОН денеска за првпат ќе расправа за ситуацијата во Украина, откако Русија распореди војска близу границата и предизвика тензии со Западните земји
Популарноста на австралискиот премиер Скот Морисон падна на најниско ниво од 2020 година, само неколку месеци пред изборите, покажува најново истражување на јавното мислење
Во Австрија од полноќ престана да важи локдаунот за невакцинираните кои сега можат повторно да се движат слободно надвор од дома без страв од казна
Британската Влада денеска ќе го претстави новиот пакет санкции против Русија, што може да влијае врз имотот на руските енергетски компании, соопшти „Тајмс“
На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо падна откако минатата недела скокна за 1,7 отсто и го урна, за првпат од јули 2020 година, нивото од 97 поени
Неколку области во Пекинг се ставени под карантин откако беа регистрирани 20 случаи на коронавирус во еден ден, што е најголем број од јуни 2020 година
Најмалку 18 лица, меѓу кои седум деца, загинаа во лизгање на земјиштето и поплавите предизвикани од обилните дождови во бразилската држава Сао Паоло, соопштија безбедносни извори
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров најверојатно ќе разговараат следната недела, изјави заменичката-државен секретар на САД Викторија Нуланд
Талибанците и нивните сојузници убиле повеќе од 100 поранешни членови на авганистанската влада, безбедносни службеници и луѓе кои работеле со меѓународните сили, се наведува во извештајот на Обединетите нации објавен денеска
Украина има добро осмислена дипломатска стратегија за да се спротивстави на рускиот притисок и нема да дозволи повторување на трагедијата од 2014 година, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба во напис за НВ