Во услови на се поголема поларизираност меѓу земјите членки на Европската Унија околу миграциските прашања, европските бискупии се во потрага по единство во согласност со вредностите на Католичката црква, јави дописничката на МИА од Брисел.
Приведениот маж кој е осомниен дека со автомобил намерно удри во група луѓе пред зградата на британскиот Парламент во Лондон, е 29-годишниот Салих Хатер, соопшти денеска неименуван извор од британските безбедносни служби.
Американската Администрација отфрли каква и да било одговорност за економските проблеми на Турција, нагласувајќи дека кризата во земјата го надминува опсегот на санкциите што ги воведе Вашингтон, јави ДПА.
Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци Филипо Гранди ги повика денеска европските земји да прекинат со блокадата на бродовите што спасуваат мигранти во Средоземното Море и да постигнат договор за регионално решение за прифаќање на овие пловила.
Турскиот суд ја одби жалбата за ослободување на американскиот пастор Ендрју Брансон од куќен притвор. Адвокатот на свештеникот вчера повторно поднесе жалба за ослободување од куќниот притвор, како и да му се укине забраната за патување.
Бројот на загинати при уривање на надвозникот во Џенова се искачи на 35, а повредени се 16 лица. Помеѓу загинати има и три деца на седум, 12 и 13 години, соопшти италијанската полиција.
Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба против поранешната вработена во Одделот на Белата куќа за односи со општествени организации и население, Омароса Манигалт-Њуман.
Најмалку 44 авганистански војници и полицајци се убиени при денешниот напад на талибанците врз воена база во северната провинција Баглан. Помеѓу загинатите девет биле полицајци, а 35 војници. Авганистанското Министерство за одбрана се уште не го коментира инцидентот.
Првпат после години Белгија повторно одлучи да притвора деца и семејства во затворениот центар за мигранти „127 бис“, кој се наоѓа во близина на бриселскиот аеродром.
Со церемонија во Токио, на која присуствуваа и јапонскиот император Акихито и премиерот Шинѕо Абе, Јапонија денеска ја одбележа 73-тата годишнина од нејзината капитулација во Втората светска војна.