Најмалку 16 мигранти загинаа во близина на севернокипарскиот брег
Шеснаесет луѓе загинаа, а по 30 се трага откако потона брод со мигранти во близина на брегот на Северен Кипар. Турската и севернокипарската крајбрежна стража спасија 101 лице со помош на трговски бродови, кои биле во близина на местото на несреќата.