Стотици ученици од четири основни училишта во главниот град на БиХ, Сараево денеска се евакуирани по дојави за поставени бомби
Словенечкиот парламент денеска ќе гласа по предлогот за назначување на Роберт Голоб за мандатар на новата влада, што е прв чекор кон формирањето на извршната власт во земјата по изборите одржани на 24 април
САД неодамна обезбедија 17 милиони долари за зајакнување на капацитетите на албанската војска, изјави началникот на Генералштабот на албанските вооружени сили
Албанскиот премиер Еди Рама, коментирајќи го и вториот неуспешен обид во парламентот за избор на шеф на државата рече дека нема партнер за да преговараат, додавајќи дека мнозинството сè уште нема кандидат за претседател.
– Националната комисија за имунизација оценува дека со досегашните податоци, опасноста од мајмунските сипаници за општата популација во нашата земја е многу мала, пишува во соопштението.
Косовската полиција го опколи денеска напладне Ректоратот на државниот универзитет „Хасан Приштина“ во центарот на косовската престолнина, откако повторно беше добиена дојава за наводно подметната бомба во објектот, јави дописникот на МИА од Приштина.
Европската Комисија не се меша билатералните односи на лидери на земји, ова го изјави портпаролката по изјавата на турскиот претседател дека не сака повеќе да комуницира со грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Брисел.
Во објава на неговата страница на Фејсбук, Свечља информира дека во текот на акцијата, врз припадниците на косовската полиција било пукано од огнено оружје, но дека немало повредени лица.
Италијанскиот премиер Марио Драги во Рим го прими бугарскиот премиер Кирил Петков, соопшти прес-центарот на бугарската влада.
Во болницата во градот Патра, хоспитализирана е 65-годишна жена со лепра, објави грчката државна телевизија ЕРТ, а според медиумите, ова воедно е и втор случај на лепра во државата