Аплицирани 20 милиони дози од вакцините во Грција, целосно имунизирани над седум милиони граѓани
Говорејќи за процесот на имунизација во земјата, Темистоклеус рече дека со една доза се вакцинирани 7.837.000 граѓани или 74,6 отсто од општото и 84,3 проценти од полнолетното население, а просекот во ЕУ е 74,9 отсто, односно 85,4 проценти.