Грчкото МНР апелира да не се патува во Украина, а Грците кои се таму веднаш да се вратат
Министерството за надворешни работи на Грција, преку соопштение, ги повикува граѓаните да не патуваат на територијата на Украина, а истовремено им препорачува на грчките граѓани кои се таму, веднаш да ја напуштат земјата, јави дописничката на МИА од Атина.